Во Првата македонска фудбалска лига попладнево беа одиграни четири натпревари од 13-от коло.
Најефикасниот се одигра во Штип каде Македонија Ѓорче Петров славеше со 3-2 во дуелот со Брегалница. Целата работа гостите ја завршија во првото полувреме кога создадоа и три гола предност. Со погодоците на Мишевски, Стојков и Али, Македонија Ѓ.П. водеше по првиот дел со 3-0. Иако по само десет минути игра во вториот, домаќините преку Велкоски и Калпачки успеа да намалат на 2-3, о крајот не можеа да ја анулираат негативата.
Голот на Деспотовски му донесе триумф на Работнички во дуелот против Силекс со 1:0.
Во Охрид, Воска спорт и Брера Струмица одигра без победник. Без победник заврши и натпреварот во Кавадарци. Гостивар водеше со 2-0, а имаше предност се до последната минута, Тиквеш со двајца играчи помалку успеа да извлече бод.
Тринаесеттата рунда ќе биде комплетирана утре со два дерби дуели. Водечкиот на табелата Шкупи го пречекува Вардар, додека шампионот Струга Т.Л. ќе биде домаќин на втората Шкендија
ПРВА ЛИГА – 13 КОЛО
сабота
БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. 2-3
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 1-0
ТИКВЕШ – ГОСТИВАР 2-2
ВОСКА СПОРТ – БРЕРА СТРУМИЦА 1-1
недела (13 часот)
СТРУГА Т.Л. – ШКЕНДИЈА
ШКУПИ – ВАРДАР МРТ