Екипата на Барселона со многу мака и пред се среќа од Сан Себастијан се враќа со три освоени бодови.
Барселона славеше на гостувањето кај Реал Сосиедад со 1:0 во натпревар од 11.коло на Ла Лига.
Јунак на каталонскиот тим беше Уругваецот, Роналд Араухо.
По бројните шанси кои ги создадоа домаќините, а не успеаја да го совладаат Терштеген, казната дојде во судиското дополнение. Се играше четвртата минута (90+4), кога нафрли Гундоган, а Арахо небранет од никого, со глава ја заби топката во мрежата на домаќините.
Иако првично беше покажано офсајд сепак по прегледувањето на ВАР снимката голот беше признат, а Барселона се радуваше на триумф.
Со оваа победа Барса се проби на 3.место на табелата. Сега има 27 бодови, два повеќе до Атлетико Мадрид кој вчера загуби од Лас Палмас.
Лидер на табелата е најголемото изненадување Џирона со 31 бод, три повеќе од Реал кој утре ќе игра против Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски.