Фудбалерите на Флуминенсе го освоија Копа Либертадорес откако во финалето на „Маракана“ по продолженија ја совладаа Бока Јуниорс со 2:1.

Спектакуларен натпревар на култниот стадион во Рио, каде имаше 20.000 навивачи на Бока од цела Аргентина.

Се играше 36.минута кога Кено ги доведе навивачите на Флуминенсе во делириум, за водство на бразилскиот тим од 1:0.

Тој резултат беше активен се до 72-та минута кога Луис Адвинкула израмни на 1:1.

На крајот на регуларниот дел двата тима пропуштија шанси да го променат резултатот, но остана 1:1. 

Клулниот момент во продолженијата се случи во 99-тата минута.

Кено му ја додаде топката на Кенеди, кој со волеј ја смести топката во мрежата на Ромеро за водство од 2:1 на бразилскиот клуб. Во изливот на емоции, Кенеди истрча на трибините да слави со своите навивачи што го чинеше втор жолт картон и исклучување.

Набргу и аргентинскиот тим остана со играч помалку откако Франк Фабра, поради удирање на противнички играч заработи исклучување. 

Во играта 10 на 10 Бока не успеа да го израмни резултатот, па Флуминенсе за прв пат во историјата се радуваше на трофејот,