Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрс турнирот на што се игра во Ираклион на Крит

Најдобрата македонска тенисерка во четвртфиналната рунда загуби Австријката, Синја Краус со 2:0 во сетови.

Во мечот што траеше час и 25 минути, Лина во првиот сет освои само два гема (6-2), а во вториот вториот еден повеќе (6-3).

За пласманот во четвртфиналето македонската тенисерка освои 13 поени.

Лина и следната недела ќе настапува на исто место.