Првиот човек на македонската кошарка Перо Антиќ, јавно застана зад политичката кампања во Србија зад партијата на СНС, предводена од актуелниот претседател на Александар Вучиќ.
Антиќ кој важи за голем поддржувач на Вучиќ, во просториите на оваа српска партија, се потпиша на списокот на поддржувачи на кампањата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“.
На профилот на партијата на социјалната мрежа „Х“ (Твитер) е објавена негова фотографија со претседателот на Извршниот одбор на СНС, Дарко Глишиќ.
„Кошаркарската легенда Перо Антиќ денеска ја поддржа листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“. Фала ти легендо“,
пишува на профилот на СНС.
Влегува ли Антиќ во политичките води на соседна Србија останува да се види!?