На завршниот ВТА Мастерс турнир што се игра во Канкун, комплетирана е втората рунда во „Б“ групата. Сите четири тенисерки остануваа во игра за полуфиналето.
Во првиот меч полската тенисерка Ига Швјатек ја победи третопласираната тенисерка во светот Американката Коко Гоф во два сета 6:0 и 7:5.
Швјатек сега ги има двете победи, но се уште не се пласирала во полуфиналето, бидејќи Онс Жабер ја совлада Маректа Вондрушова со 6:4 и 6:3.
Пласманот ќе го решаваат натпреварите од последното коло.
Гоф и Жабер имаат по една победа и пораз, додека Вондрушова ги претрпе двата порази.
Швјатек во петок ќе игра против Жабер, а Гоф против Вондрушова.