На завршниот турнир од Мастерс серијата во женска конкуренција што се игра во Канкун, ноќеска на програмата беа дуелите од 2.коло во А група.
Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка беше поразена од Американката, Медисон Кејс.
Белорусинката во овој дуел влезе со скор 4-1 во меѓусебните дуели. Сепак, на Американката не и пречеше тоа па релативно лесно го доби мечот во два сета. Првиот Кејс го реши во своја полза со 6:4, а вториот иако се играше подолго со 6:3. За Кејс ова беше втората победа со која си го обезбеди местото во полуфиналето.
Ова откако во вториот меч од истата група Елена Рибакина по голема борба ја победи Марија Сакари.
Казахстанската тенисерка триумфот го најави во првиот сет кој го даби без загубен гел со 6:0. Вториот по повеќе од еден лас игра и припадна на Сакари во тај-брејкот со 7:7 на поени. И во третиот сет се играше тај-брејк, но овојпат Рибакина беше поуспешна со 7:2, за конечни 2-1 во сетови.
За Рибакина ова беше првата победа, па во последното коло во директен дуел со Сабаленка ќе решава која тенисерка ќе игра во полуфиналето.