Женската сениорска репрезентација ќе стартува со новиот циклус во квалификациите за Европското првенство во 2025 година.
„Работната есен“ за најдобрите македонски кошаркарки ќе почнува следната седмица. Како за оние кои играат надвор од границите на Македонија, така и за оние кошаркарки кои се дел од домашниот шампионат.
Во текот на ноември на програмата се два натпревари од групата „Г“. Селекторот Александар Ашаданов се одлучи на еден поширок список на кошаркарки на кои ќе смета на дуелите со Португалија и со Србија.
Со оглед на обврските кои ги имаат најголем дел од кошаркарките кои настапуваат во странство, првиот собир селекторот Ашаданов го предвиде за 6 ноември.
Во салата на СЦ „Кале “ се предвидени два тренинзи, а веќе наредниот ден, следува патување за Порто, а понатаму до Матошинос, каде го играме натпреварот против селекцијата на Португалија.
На португалско тло се планирани уште два тренинга, пред мечот со домашната репрезентација кој е закажан да се игра на 9 ноември од 20.30 часот.
Три дена подоцна, на 12 ноември, во Скопје (од 18 часот) во СРЦ „Кале“, на гости ни доаѓа една од најквалитетните европски селекции Србија.
ПОШИРОК СПИСОК НА ЖЕНСКА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Анџелика Митрашиновиќ Пештански Цајки (Словачка)
Тијана Митрева Акронос Монкалиери (Италија)
Матеа Николиќ Пасаласка Рагуса (Италија)
Ивона Кожобашиовска Виртус Каљари (Италија)
Александра Стојановска Кортегада (Шпанија)
Нена Трајчевска ЦБ Архил (Шпанија)
Мерит Хемпе Валенсија (Шпанија)
Милица Николиќ Вебас (Србија)
Ивана Кметовска Баскет Кам 2011
Катерина Поп-Димитрова – Баскет Кам 2011
Елена Тасевска Баскет Кам 2011
Сања Адамовска Баскет Кам 2011
Илина Селцова – Вардар
Ања Начевска – Вардар
Марија Димитријевиќ – Вардар
Клементина Модева – Струга 2009
Михаела Алексовска – Крива Паланка