По одличниот настап на Мундијалот во Хрватска, младинската машка ракометна репрезентација ќе ја има првата „акција“. Претстојниот месец, нашите млади ракометари (У20) ќе имаат неколку контролни натпревари.
Веќе на 3 и 4 ноември во Анкара, избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ ќе играат против селекцијата на Турција. Натпреварите ќе се играат во термините од 14 и 16 часот.
„Со ова практично започнуваат подготвите за Европско првенство следното лето во Словенија, што е прво со 24 репрезентации.
Секоја ЕХФ недела ќе ја користиме да играме контролни натпревари. Веќе ги имаме договорено и идните противници се до официјалниот старт на подготовките за ЕП.
Во однос на тимот од Хрватска, сега на располагање го имаме Димитар Узунчев кој поради повреда го пропушти мундијалот. Затоа пак ќе недостасуваат, Субашевски, Николовски и Шулески кој за жал се повредени.
Во суштина ова е истиот тим од поширокиот список прес СП. Затоа велам дека сите кои се на овој список мора во секој момент да бидат подготвени за да и се стават на располагање на репрезентацијата“,
изјави за СПОРТ+ селекторот Стојановиќ.
Двомечот со Турција ќе биде вовед во турнир во Романија „Трофеј Карпати“, што ќе се одржи во периодот од 14 до 18 декември.