Младата репрезентација на Македонија У20 години (играчи родени 2004 и помлади) уште од сега ги почнува подготовките за следното лето.
Станува збор за истата онаа селекција, која минатото лето нé израдува со одличниот настап на Мундијалот во Хрватска.
Генерација, предводена од селекторот Радослав Стојановиќ, ќе игра на ЕП за ракометари до 20 години, што следното лето ќе се одржи во Словенија.