Филип Талевски е еден од неколкуте ракометари во македонската репрезентација кои имаат поголем стаж.
Искусниот бек смета дека претстојниотдвомеч со Грција треба да биде показател во која насока треба да се работи.
Натпреварите ќе послужат како дел од подготовките за ЕП во јануари месец.
,,Грција во последните години вложува во ракометот и ќе игра на ЕП 2024 година.
Ќе одиграме два квалитетни натпревари и ќе видиме до каде сме. Овие натпревари ќе бидат показател на што ќе треба да обрнеме внимание во подготовките за ЕП каде ќе играме со силни противници.
Најголемиот дел од репрезентацијата е со исти играчи. Дел од нив низ настапите со клубовите на европската сцена сега имаат искуство повеќе. Тоа е одлично, бидејќи тоа искуство ќе може да го искористат за Европскиот шампионат”, изјава на Талески.
Грција и Македонија двата натпревари ќе ги играат во Солун, на 3 и 4 ноември.