Екипата на Борусија Дортмунд извлече само бод во дербито против Ајнтрахт Франкфурт.
Домаќините фуриозно го започна на натпреварот и по 25 минути имаа два гола предност (2:0). Стрелец на двата гола беше Омар Мармуш.
Марсел Сабитцер го врати резултат на 1:2 пред крај на првото полувреме.
Во второто полувреме Мукоко изедначи на 2:2. Фарес Чаиби постигна гол за ново водство на Франкфурт од 3:2. Во завршните моменти Јулијан Брант го израмни резултатот на 3:3.
По ова реми Дортмунд се на 4-та позиција во Бундеслигата со 21 бод. Франкфурт се неколку места подолу, односно на 7-та позиција со 14 бода.
Андреј Велјаноски