Во Првата македонска лига денес се одиграа 5 натпревари и се комплетираше 12-тото коло.

Екипата на Вардар успеа да стигне до многу битна победа од 1:0 во борбата за опстанок. За нив ова беше трет триумф во новата сезона. Брера ја продолжи кризата без победа и ситуацијата станува алармантна кај струмичани.

Шкендија освои само еден бод од планираните три. Воска Спорт приреди изненадување и во Тетово се избори за 1:1. Ова за играчите на Шкендија претставува голем кикс.

Шкупи убедливо славеше во скопската пресметка и со конечни 3:0 им се одмазди на романтичарите за поразот во првото коло. Со овој пораз Работнички се наоѓа на само 2 бода од последната позиција.

Екипите на Македонија ЃП и Тиквеш ги поделија бодовите во Скопје. Ѓорчевци имаа водство се до последната минута од регуларниот дел кога Ивановски изедначи и ги постави конечните 1:1.

Гостивар ја шокираше шампионската екипа на Струга ТЛ и успеа да слави со 2:1. Како и што најавивме Гостивар е непредвидлив противник и ова не е големо изненадување.

ПРВА ЛИГА 12. КОЛО
денеска
ГОСТИВАР – СТРУГА 2:1
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ 1:1
ШКЕНДИЈА – ВОСКА СПОРТ 1:1
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 3:0
ВАРДАР – АП БРЕРА СТРУМИЦА 1:0
вчера
СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА 0:0

Standings provided by Sofascore