Последниот натпревар од 9.коло во Серија А, го оправда епитетот дерби. Наполи и Милан на крај одиграа 2:2 и ги поделија бодовите.
На стадионот „Диего Армандо Марадона“ видовме две целосно спротивни полувремиња.
Во првиот дел целосна доминација на Милан. Со двата гола на Жиру во 22-та и 31-та минута гостите создадоа предност од 0:2.
Сепак работите целосно се сменија по паузата кога Наполи тркна силовито и брзо се врати во натпреварот.
Политано во 50-тата минута намали на 1:2, а Џакомо Распадори со мајсторија од слободен удар во 63-тата минута изедначи на 2:2.
Домаќините во самиот финиш имаа и неколку шанси за целосен пресврт но, Маик Мањон го сочува својот гол и обезбеди бод за Милан.
Македонскиот репрезентативец Елмас, беше стартер и одигра 45 минута по што беше заменет на полувремето.
Со ова реми, Милан падна на третата позиција со 22 бода, додека Наполи остана на четвртата позиција.