Екипата на Реал го доби големото шпанското дерби против Барселона во рамките на 11.коло на Ла Лига.
Младиот Англичанец, Џад Белингам е јунакот на „Кралевите“.
На натпреварот што се одигра на Олимпискиот стадион во Барселона, Белингам со два гола му донесе победа на Реал о 2:1.
Иако Барселона одлично го почна мечот и веќе во 6.минута поведе со 1:0 со голот на Гундоган.
Во вториот дел на сцена стапи 20-годишниот Белингам.
Во 68-та минута, Англичанецот го израмни резултатот на 1:1.
Кога сите очекуваа дека така ќе заврши и натпреварот, Белингам во петата минута од судиското дополнение го постигна вториот гол.
Така младиот Англиканец кој сезонава дојде од Борусија Дортмунд се покажа како вистинска замена за Карим Бензема.
Андреј Велјаноски