Во Првата машка кошаркарска лига вечерва беа одиграни пет натпревари.
Во празната сала на „Јане Сандански“ во дербито МЗТ Скопје беше подобар од Еуро Никел со 71-61. Во натпреварот во кој шампонот доби три периоди во своја полза, Душан Танасковиќ со 18 и Војдан Стојановски со 13 поени го предводеа МЗТ до 4-тата победа.
И екипата на ТФТ стигна до четвртиот триумф и тоа на гостувањето во Гевгелија кај Кожув.
Гостински триумф и тоа со 51 разлика забележа Работнички во дуелот со Вардар, а Пелистер со 40 разлика го надигра Охрид.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 5.КОЛО
сабота
МЗТ СКОПЈЕ – ЕУРО НИКЕЛ 71-61
КОЖУВ – ТФТ 55 – 64
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 68 – 119
ПЕЛИСТЕР – ОХРИД 97 – 58
ГОСТИВАР – ФЕНИКС 60-66
недела
18.00 АКАДЕМИЈА ФМП – ЧАИР