Вниманието на фудбалската јавност кај нас денеска ќе биде насочено кон осумте натпревари од втората рунда во Купот на Македонија.

Во ова коло се приклучуваат и минатогодишните полуфиналисти.

Така екипата на Македонија Ѓорче Петров која е бранителот на трофејот од лани во осминафиналето за противник ќе го има најтрофејниот Вардар.

Минатогодишен финалист во купот и актуелниот шампиони Струга ТЛ, во „езерското“ дерби ќе гостува во Охрид кај Воска Спорт.

Во Скопје ќе се игра и натпреварот Работнички – Шкендија, додека во Битола кај Пелистер ќе гостува сезонава одличниот Тиквеш.

Екипите на Силекс, струмичка Брера, Шкупи и штипска Брегалница ќе треба да ја оправдаат фаворитската улога.

Сите натпревари од осминафиналето во Купот на Македонија ќе започнат во терминот од 14 часот, а натпреварите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/8 ФИНАЛЕ
среда 14 часот

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П
ВОСКА СПОРТ – СТРУГА Т.Л.
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ
СИЛЕКС – БАШКИМИ
БРЕРА СТРУМИЦА – ГОСТИВАР
ШКУПИ – ОХРИД
БРЕГАЛНИЦА – ЈАНГ ТИМ