Хрватскиот интернационалец Јуре Планиниќ е новото име во редовите на македонскиот вицешампион Пелистер.
Станува збор за играч кој и минатата сезона настапуваше во Првата македонска лига.
Планиниќ лани го носеше дресот на Еуро Никел, за кој имаше просек од 17.5 поени и 8.6 скока по натпревар.
Дебито во зелениот дрес на Пелистер, Планиниќ треба да го има претстојниот викенд во дуелот против Охрид.
Од битолскиот тим информираа и дека ја прекинале соработката со Американците, Кристијан Банди и Кристијан Килинг.