Во Првата фудбалска лига попладнево беа одиграни сите шест натпревари од 11.коло. 

Дербито во Тетово, меѓу Шкендија и струмичка Брера заврши без победник, но тетовци ја задржа првата позиција на табелата. 

Гостите поведоа со евроголот на  Леонардо Антонио во 75.минута, но, радоста на струмичани траеше кратко. По брзата акција во 79.минута, Аденис Шала го израмни резултатот.

Шампионот Струга Т.Л. лесно се справи со Македонија на гостувањето во Ѓорче Петров. Стружани славеа со 3-0. Стрелци на головите беа Згуро (3.минута), Мазрекај (38) и Ибраими (81)

Во Куманово, Шкупи беше домаќин на Брегалница. Чаирчани поведоа со голот на Илиески уште во 5-тата минута. Гостите од Штим имаа можност за израмнување во 35-тата, но Велкоски не реализира пенал.

Градското дерби меѓу Работник и Вардар го реши Дарко Мицевски. Вардаровиот капитен го реализираше пеналот во 71.минута. 

Во Кратово, Силекс среќно стигна до трите бодови. Со голот на Ристовски во 81.минута Силекс го победи Тиквеш со 1-0.

Дуелот меѓу Гостивар и Воска спорт заврши без победник 1-1.

ПРВА ЛИГА 11. КОЛО
ШКЕНДИЈА – АП БРЕРА СТРУМИЦА 1-1
СИЛЕКС – ТИКВЕШ 1-0
ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 1-0
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – СТРУГА Т.Л. 0-3
РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-1
ГОСТИВАР – ВОСКА СПОРТ 1-1

Standings provided by Sofascore