Гостиварци делуваа сигурно на гостувањето во Охрид. Доминираа во три четвртини и на крајот дојдоа до убедлива победа 87-64, втора за нив во четири одиграни кола.

Од самиот почеток, гостите најавија дека се подготвени да стават крај на мини-серијата во која влегуваат два порази. Тоа и го покажаа на теренот. По десет минути игра, водеа со двоцифрена позитива (24:13).

Охриѓани парираа само во вториот период, оној во кој успеаја да одржат само резултатска рамнотежа. Но, Гостивар ја одбрани предноста која ја стекна во воведниот дел од натпреварот.

Виктор Златевски со 22 поени, беше најефикасен на натпреварот и во победничката екипа за која Инграм додаде 15 поени. Во охридскиот состав, Ибраими постигна 17.поени, Волканоски имаше 11.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 4.КОЛО
недела
ОХРИД – ГОСТИВАР 64:87
одиграно сабота
ТФТ – АКАДЕМИЈА ФМП 73:64
РАБОТНИЧКИ – МЗТ СКОПЈЕ А.  59:73
ЕУРО НИКЕЛ – ПЕЛИСТЕР  60:66
ЧАИР – ВАРДАР  100:76
ФЕНИКС – КОЖУВ  96:80

ТАБЕЛА: Еуро Никел 7 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 7, Чаир 7, ТФТ Моцарт 7, Феникс 6, Пелистер 6, Работнички 6, Вардар 6, Гостивар 6, Кожув 5, Охрид 5, Академија ФМП 4.