По денешниот пораз од шампонот Струга Трим Лум, екипата на Македонија Ѓорче Петров ја прекина соработката со тренерот Горан Симов.

Ве известуваме дека денес спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер Горан Симов, кој ја водеше нашата екипа во изминатите 7 месеци.
Соработката помеѓу Македонија Ѓорче Петров и Горан Симов почна во многу деликатен период, но на крајот од минатата сезона заврши со историски успех, освојување на Купот на Македонија, втора година по ред.
Оваа сезона, работите не одеа на посакувото ниво, посебно во првенството, па затоа, по заедничкиот денешен разговор, спогодбено се разделивме со нашиот досегашен тренер.
За сето сработено во нашиот клуб, му се заблагодаруваме од се срце на Горан Симов и му посакуваме многу здравје, среќа и успеси во иднина.

Македонија Ѓ.П. досега претрпе шест порази и собра само 11 бодови. Ѓорчепетровци се во долниот дел од табелата, во групата екипи кои се во „опасната“ зона.

Во следното коло, Македонија ќе го пречека тимот на Тиквеш кој сезонава игра добро.

Во меѓувреме, в среда, ќе го одигра првиот свој натпревар во Купот. Ѓорчепетровци кои се бранители на трофејот во стартуваат од осминафиналната рунда во која за противник ќе го имаат Вардар.

СИТЕ АКТУЕЛНОСТИ ЗА
КУПОТ НА МАКЕОДНИЈА
ДВОЈКИ ЗА 1/8 ФИНАЛЕТО ВО
КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА