Во Дојран, во организација на Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија се одржува првиот модул за учесници од 28-та генерација, кандидати за добивање на УЕФА Б тренерска лиценца.

Учествуваат 26 ученици, меѓу кои и неколкумина поранешни и актуелни репрезентативци во најдобрата македонска селекција.

Од актуелните репрезентативци на модулот беа Езѓан Алиоски и Давид Бабунски. Од  поранешните: Агим Ибраими, Крсте Велковски, Даниел Мојсов, Арменд Алими, Владимир Димитровски, како и Јасмин Мециновиќ, Христијан Кировски, Музафер Ејупи…

Како дел од програмата се дискутира за работата на младинските селекции и воопшто во младински категории. Модулот опфаќа повеќе клучни теми соодветни на нивото на фудбалска едукација, а меѓудругото тука се и тренинзите и натпреварите на соодветните младински категории.

Покрај учесниците, кандидати за УЕФА Б лиценца, курсот се реализира од страна на професорите од Центарот за едукација, предавачи и ментори.

Учесниците на семинарот заеднички го следеа натпреварот и победата на Македонија против Ерменија во Струмица.