Екипата на Шкупи го назначи Тони Симиќ за тренер на тимот кој има амбиции за влез во Првата лига.

Екипата од скопски Чаир, ја потврди информацијата, па Симиќ веќе од наредното (3.коло) ќе го предводи овој тим.

За поранешниот македонски репрезентативец, ова е четврти тим што ќе го предводи како прв тренер.

Тренерската кариера ја почна во Водно Санс. Потоа следуваа женскиот клуб Баскет Кам, Работнички и ланската сезона Академија ФМП Академија. 

Тимот на Шкупи во 1.,коло го доби дербито со Ангeли, но во второто беше совладан на домашен терен од Водно Санс.

Симиќ заедно со неговиот асистент Фаик Мифтари, веќе претстојниот викенд ги очекува нов предизвик, дуел со вториот тим на МЗТ Скопје У.Б.