Во продолжение на сезоната, натпреварите во нашата најквалитетна лига ќе се играат со светски признатиот „баскет“.
И во оваа натпреварувачка сезона, Македонската кошаркарска федерација продолжува со практиката да биде помагател на активностите на клубовите.
Така во наредниот период, клубовите од Првата лига (мажи) ќе бидат помогнати со одреден број на топки од компанијата „Молтен“.
Станува збор за сертифицирани топки од страна на Светската кошаркарска федерација, од овој производител.
Согласно со тоа, во продолжението од натпреварувачката сезона 2023/2024, натпреварите во нашата најквалитетна лига ќе се играат токму со овие топки.