Нови седум натпревари ќе се одиграа денеска во квалификациите за ЕУРО 2024-та во Германија.

Покрај домаќинот, досега пласман на шампионатот обезбедија: Франција, Португалија, Белгија, Шпанија, Турција и Шкотска.

Вечерва тоа може да го сторат уште неколку репрезентации.

Во групата „А“, Грција доколку ја искористи предноста на домашниот терен и ја совлада Холандија ќе го обезбеди 2.место, а со тоа и учеството на ЕП.

По поразот од Белгија пред три дена, на Австрија сега доволен и е нерешен резултат на гостувањето кај Азербејџан да си ја заврши работата.

Во последната група, Португалија со максималните седум победи веќе си ја заврши работата, па останува битката за втората позиција.

За неа во игра се четири селекции, па теоретски дури и Исланд кој има освоени седум бодови досега.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024

Б ГРУПА
20.45 ГИБРАЛТАР – Р. ИРСКА
20.45 ГРЦИЈА – ХОЛАНДИЈА

ТАБЕЛА
1 ФРАНЦИЈА 18 (6 натпревари)
2 Грција 12 (6)
3 Холандија 9 (5)
4 Ирска 3 (6)
5 Гибралтар 0 (5)
Ф  ГРУПА
18.00 АЗЕРБЕЈЏАН – АВСТРИЈА
20.45 БЕЛГИЈА – ШВЕДСКА
 
ТАБЕЛА
1 БЕЛГИЈА       16         (6)
2 Австрија       13         (6)
3 Шведска       6           (5)
4 Азербејџан   4           (5)
5 Естонија        1           (6)
Ј ГРУПА
20.45 БИХ – ПОРТУГАЛИЈА
20.45 ИСЛАНД – ЛИХТЕНШТАЈН
20.45 ЛУКСЕМБУРГ – СЛОВАЧКА
 
ТАБЕЛА
1 ПОРТУГАЛИЈА 21 (сите по 7 натпревари)
2 Словачка      13
3 Луксембург 11
4 БиХ                 9
5 Исланд          4          
6 Лихтенштајн 0