И покрај најавите дека можеби ќе се одложи стартот на новата одбојкарска сезона во Македонија, сепак истата ќе почне во предвидениот термин веќе следниот викенд.

За таа цел со ждрепка беа одредени и броевите за клубовите кои ќе играат во новата одбојкарска сезона кај нас.

Па така според договорот, новата одбојкарска сезона кај мажите и кај жените ќе започне на 21 односно на 22 октомври со мечевите од премиерното 1.коло во двете конкуренции.

Кај мажите првата лига ќе брои 12 клуба.

Уште на стартот во 1.коло ќе има дерби дуел. Ќе се игра во Тетово, а ќе се сретнат Универзитет во Тетово со шампионот Струмица.

На другите дуели исто така ќе биде интересно, а од мечевите кои ќе привлечат најмногу внимание ќе бидат дуелите меѓу Работички – Весна Пробиштип, како и на мечот Вардар и Јанта Волеј.

Кај дамите првата лига ќе брои осум екипи, додека во втората лига ќе играат 10. Мечевите исто така ќе се играат во сабота и недела.

И кај нив во 1.коло ќе имаме дерби дуел. Новиот прволигаш Младост УДГ ќе се сретне со шампионот Работнички.

Ова се сите парови од 1.коло кај мажите и жените од првата лига…

ПРВА ЛИГА МАЖИ – 1.КОЛО (21 и 22 октомври)
Работнички – Весна Пробиштип
Штип УДГ – Борец
Лирија – Македонија Џио
Сушево – Шкендија
Вардар – Јанта Волеј
Универзитет во Тетово – Струмица

ПРВА ЛИГА ЖЕНИ – 1.КОЛО (21 и 22 октомври)
Вардар ЕМ – Јанта Волеј
Струмица – Фит Фан Волеј
Вардар – Наковски Волеј
Младост УДГ – Работнички