Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе го игра вториот натпревар во квалификациите за Европското првенство 2024 година.

Во рамките од групата „5“ Македонија гостува во Вилнус кај Литванија. 

По убедливиот триумф во првиот меч против Азербејџан, македонските ракометарки и денеска ќе атакуваат на победа. 

Со триумф нашите ракометарки би направиле голем исчекор кој една од двете позиции што носат пласман на Европскиот шампионат. 

Сигурно дека фаворит за првото место е Шпанија, против која ќе играме на 28 февруари дома и на 2 март на гостински терен.

Квалификациите ќе ги завршиме во април месец (2024) со дуелите против Азербејџан на гости (3 април) и Литванија дома (7 април).

Затоа триумф денеска над Литванките ширум ќе им ги отвори вратите на нашите ракометарки кон Европското првенство следната година. 

Натпреварот меѓу Литванија и Македонија што ќе се игра во „Авиа Арена“ во Вилнус, ќе започне од 15 часот. 

Единствено ќе можете да го гледате во живо на следниот линк (ехф.тв)

СЕ ЗА НАСТАПИТЕ НА ЖЕНСКАТА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕОДНИЈА