Екипите на Еуро Никел и Кожув забележаа убедливи победи во натпреварите од 3.коло на Првата лига.

Еуро Никел со дури 39 разлика славеше на гостувањето кај Гостивар. Кавадарчани победата ја најавија во втората четвртина која ја добија со 14 разлика. До крајот на натпреварот континуирано ја зголемуваа предноста за на крајот да славата со 106-67.

Смит Меквејн постигна 17 поени, Соколов 16, Блекшир додаде уште 15, Глигоријевиќ и Врањеш по 13 поени.

Во Гевгелија, Кожув со 30 разлика го надигра Охрид. И на овој меч натпреварот беше решен во првиот дел. По +10 во првата, во втората четвртина Кожув додаде уште 20 разлика (29-9), на на одмор заминаа со убедливи 54-24. Вториот дел беше само формалност, а Кожув на крајот победи со 96-69.

Триото Американци, Слејтер и Аристон со по 18, односно Криснан кој постигна 15 поени беа најзаслужни за првата победа на гевгелиската екипа.

Од оваа трета рунда останува да се одигра уште дербито меѓу Пелистер и МЗТ Скопје, кое е закажано за во среда.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 3. КОЛО
денеска
ГОСТИВАР – ЕУРО НИКЕЛ 67:106
КОЖУВ – ОХРИД 96:69
Одиграно вчера
ВАРДАР – ТФТ МОЦАРТ 64:88
ЧАИР – РАБОТНИЧКИ 83:82
АКАДЕМИЈА ФМП – ФЕНИКС 86:108
18.октомври (среда)
18.30 ПЕЛИСТЕР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ