Со првото македонско дерби, денеска во Суботица, ќе биде заокружен првиот од шесте турнири во АБА2 кошаркарската лига.

Во реприза на финалето домашното поверенство, МЗТ Скопје Аеродром се среќава со битолски Пелистер. 

За актуелниот шампион, МЗТ Скопје, денешниот дуел е со императив на победа. Ова откако аеродромци во првата рунда беа надиграни од хрватската Цедевита јуниор. 

Пелистер пак во првото коло, по голема борба и дополнителни пет минути, се радуваше на победа во дуелот со словенечкиот Шенчур. 

Натпреварот што ќе започне од 15 часот.

Овој дуел водено ќе биде и увертира за дербито од 3.коло во Првата македонска лига. Имено Пелистер и МЗТ Скопје веќе во среда (18 октомври) во Битола ќе го играат својот првенствен дуел во мак-баскетот.