Во позитивна атмосфера, со мисли за добар резултат, пред се победа, најдобрата македонска репрезентација отпатува на дуелот со Украина. 

Попладнево со чартер лет од скопскиот аеродром, македонските фудбалери заминаа за Прага. Таму во сабота ќе го играат дуелот со Украина во квалификациите за ЕП 2024.

Првенствено желбата е да покажат дека вториот дел од дуелот во Скопје (2:3), бил само момент на слабост и деконцентрација. 

Нашите репрезентативци го потенцираат моментот дека опуштање овој пат ќе нема и дека до крај ќе се борат. 

Во мислите е само победа, со која не само што би им се реваншираме на Украинците, туку  Македонија би останала во трката за второто место.

Саботниот натпревар меѓу Украина и Македонија ќе се игра во попладневниот термин од 15 часот.