Пред македонскиот првак Еурофарм Пелистер претстои нов предизвик. Вечерва битолчани ќе го играат четвртиот натпревар во Лигата на шампионите.
Пелистерци гостуваат во Париз кај францускиот гигант ПСЖ.
Јасно дека „светците“ важат за апсолутен фаворит, па се освен победа на ПСЖ би било вистинска сензација. Избраниците на Раул Гонзалез ќе сакаат да ги надополнат загубените бодови од гостувањето на Киелц каде беа поразени во претходното коло.
Пелистерци пак сеуште се немаат израдувано на бод, а камо ли триумф. Тренерот Александар Јовиќ посакува неговите избраници да ја повторната играта од последниот дуел со Кил, иако зелено-белите го загубија.
Дуелот меѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер ќе се игра во вечерниот термин од 20.45 часот, додека претходно (18.45) од истата А група ќе бидат одиграни два натпревари.
Колстад ќе биде домаќин на ПИК Сегед додека, Загреб го пречекува Алборг.
Вчера во првиот меч од 4-тата рунда, Кил со 35-31 го совлада Киелце.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 4.КОЛО
18:45 КОЛШТАД – СЕГЕД
18:45 РК ЗАГРЕБ – АЛБОРГ
20:45 БАРСЕЛОНА – ГОГ
20:45 ПСЖ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
20:45 ВИСЛА ПЛОК – МАГДЕБУРГ