На воведните три натпревари од новата сезона во Првата женска кошаркарска лига, фаворитите не дозволија изненадувања.
Шампионот Баскет Кам започна со победа на гостински терен кај Струга.
На гостински триумф се радуваше и кумановската екипа Гризли која славеше кај Пробаскет, додека предноста на домашниот терен ја искористи освојувачот на Купот, МЗТ Скопје Аеродром кој беше подобар од Крива Паланка
За утре закажано е првото дерби. Дуелот на минатогодишниот финалист Бадел кој гостува во „Кале“ кај Вардар кои и во новата сезона има тим за висок пласман.
ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) – 1. КОЛО
недела
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – КРИВА ПАЛАНКА 78-61
ПРОБАСКЕТ – КУМАНОВО ГРИЗЛИ 51-59
СТРУГА 2009 – БАСКЕТ КАМ 55 – 91
понеделник
18.00: ВАРДАР – БАДЕЛ 1862