Настапот на македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за ЕП 2024, дуелот со Украина, е причината за мала промена во дводневната програма во ПМФЛ.

Така наместо вообичаениот еден натпревар, денеска (сабота) ќе се играат четири, а утре (недела) два натпревари.

10-тото коло во ПМФЛ ќе донесе неколку интересни дуели.

Кавадаречки Тиквеш ќе го пречека второ пласираниот Шкупи. Струмичка Брера ќе се обиде да ја прекине резултатската криза против Работички.

Дербито ќе се игра утре во Струга каде шампионот ќе го пречека трето рангираниот Силекс.

Истиот ден во Скопје, Вардар ќе биде домаќин на водечкиот состав на табелата Шкендија.

Сите натпревари ќе почнат во терминот од 14 часот.

ПРВА ЛИГА – 10.КОЛО (14 часот)
сабота
ТИКВЕШ – ШКУПИ
БРЕРА СТРУМИЦА – ГОСТИВАР
БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ
ВОСКА СПОРТ – МАКЕДОНИЈА ЃП
недела
СТРУГА Т.Л. – СИЛЕКС
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА

СЛЕДИ ГИ СИТЕ АКТУЕЛНОСТИ ВО ЖИВО