Најдобрата македонската фудбалска репрезентација ја очекуваат два нови натпревари. Првиот против Украина во квалификациите за Европското првенство, а вториот пријателски против Ерменија.
По одличниот настап во септемврискиот циклус, македонската јавност со право очекува нови успеси од македонските фудбалери.
Освоениот бод против Италија и победата над Малта, секако се и мотив повеќе за избраниците на селекторот Благоја Милевски, кој денеска го објави поширокиот список на играчи за претстојните два натпревари.
На списокот на Милевски се 25-мина фудбалери меѓу кои и Чурлинов.
ГОЛМАНИ: Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија, Дамјан ШИШКОВСКИ – Докса, Кипар,Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички
ОДБРАНА: Висар МУСЛИУ – Падерборн, Германија, Тодор ТОДОРОВСКИ – ЗТЕ, Унгарија, Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија, Јован МАНЕВ – Осјек, Хрватска, Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли, Саудиска Арабија, Бојан ДИМОСКИ – Акрон, Русија, Ахмет ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре, Данска, Стефан АШКОВСКИ – Раднички Ниш, Србија
СРЕДЕН РЕД: Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција, Елиф ЕЛМАС – Наполи, Италија, Аријан АДЕМИ – Динамо Загреб, Хрватска, Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска, Агон ЕЛЕЗИ – Вараждин, Хрватска, Давид БАБУНСКИ – Мезоковешд, Унгарија, Исник АЛИМИ – Сепси, Романија
НАПАД: Бојан МИОВСКИ – Абердин, Шкотска, Милан РИСТОВСКИ – Спартак Трнава, Словачка, Дарко ЧУРЛИНОВ – Барнли, Англија, Ваљон ЕТЕМИ – Истанбулспор, Турција, Љупче ДОРИЕВ – Согдиана, Узбекистан, Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук, Хрватска, Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин, Хрватска
Првиот натпревар против Украина ќе се игра во Прага на 14 октомври од 15 часот.
Три дена подоцна во Струмица ќе следува и контролниот меч против Ерменија.