Доминација на атлетичарите од Кенија на на 19-тото издание на Скопскиот атлетски маратон. Двете први места во машка и женска конкуренција ги освоија токму атлетичарите од Кенија.
Над 11 илјади учесници од 53 држави настапија на годинашниот Скопски маратон. Рекреативци, професионалци, млади и стари, трчаа низ улиците на Скопје, натпреварувачки се во пет трки.
На она најтешката, маратонската, атлетичарите од Кенија побрзи од македонскиот репрезентативец Дарио Ивановски.
Прв патеката долга 42 километри ја мина Виктор Киплагат со време од 2:15:09 часа , што беше да речиси една минута побрзо од сонародникот Черот Лабан (2:16:03).
Македонскиот маратонец, Дарио Ивановски имаше за речиси 3.минути послабо време (2:19:08) и заврши како трето рангиран. Сепак тоа беше доволно да биде прв на државното, македонско првенство, кое се трчаше токму на оваа трка.
И во женска конкуренција доминација на кениските атлетичарки.
Рутке Нисто Матебо во последните 500 метри успеа да ја мине сонародничката Кипкебој која во најголемиот дел од трката беше прва.
Сепак 18-годишната Кипкебој мораше да се задоволи со второто место, зад сонародничката која истрча време 2.44.17 часа.
Покрај маратонска и полу маратонска трка, учесниците се се натпреваруваа на 5 километарската – хуманитарна трка, детскиот мини маратон и „Team Building“ трка.