Во Првата македонска фудбалска лига денес се одигра еден натпревар. Македонија ЃП славеше со 1:0 во воведниот натпревар од деветтото коло против екипата на Брера Струмица.

Двете екипи беа со амбиции да стигнат до победа на овој натпревар.

Во првиот дел домашната екипа за нијанса ја имаше повеќе иницијативата, меѓутоа Марко Алчевски беше сигурен на голот. Пред самиот крај на првото полувреме одлична акција на домаќините, Никола Величковски бие, но Марко Алчевски имаше извонредна одбрана. Во продолжение на истата акција, на одбиената топка налета Јован Попзлатанов и повторно одлична одбрана на Алчевски, но сепак немаше среќа, топката од стативата се одби повторно во нозете на Јован Попзлатанов и постигна гол за водство од 1:0.

Вториот дел започна со поголема иницијатива на гостинската екипа која беше во негатива.

Струмичани се заканија неколку пати, а најконкретен беше Христијан Малески, но мрежата на домаќините остана незатресена. Се играше 82-минута кога после еден центаршут Димитар Трајков со глава имаше одлична прилика, но Христијан Стевковски беше на висина на задачата и ја сочува својата мрежа.

Ова беше петти натпревар во низа за струмичани без победа, а трет пораз по останаа на 14-те бодови. Македонија ја забележа третата победа и со 11 бодови е на 7.место на табелата. 

Останатите четири натпревари од ова коло ќе се играат утре. 

ПРВА ЛИГА – 9.КОЛО 14 часот
Недела
ШКУПИ – СТРУГА ТЛ
СИЛЕКС – ВОСКА СПОРТ
ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР
Сабота
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – БРЕРА СТРУМИЦА 1-0