Охрид повторни ќе гледа прволигашка кошарка. По неколкугодишна пауза, охриѓани повторно се дел од елитната конкуренција.
Минатата сезона тие беа меѓу двете екипи кои преку Втората лига се изборија за настап во Првата.
А, токму Вардар кој беше прв, ќе биде и првиот противник на Охрид во воведното коло од новата прволигашка сезона.
Амбициите на клубот засилен со неколкумина странски засилувања, првенствено се опстанок во „елитата“, вели тренерот Тони Стојаноски.
„Очекувањата за новата сезона се опстанок во првата лига, бидејќи знаеме дека сме дебитанти.
Ростерот е пополнет. Одлучивме да ги задржиме и да им дадеме шанса на сите играчи од минатата сезона и се засиливме на плејмејкерската и центарската позиција.
Амбициите се ГКК Охрид да стане стабилен прволигашки клуб.
Јас како тренер, но и мојот стручен штаб заедно со играчите веруваме во напорна работа и максимално вложување и свесни сме ако се верува во тој процес резултатите си доаѓаат сами по себе. Доказ за тоа е минатите три сезони во Втора лига, па еве сега ГКК Охрид е прволигашка екипа“,
вели шефот на стручниот штаб Тони Стојановски
Како тоа ќе изгледа на теренот ќе видиме веќе утре кога во СЦ „Кале“ од 18 часот, Вардар и Охрид ќе го одиграат својот натпревар.