Екипата на Борусија Дортмунд славеше на гостувањето кај Хохенхајм кому му ја прекина победничката низа од четири натпревари.
Во воведниот натпревар од 6.коло на Бундес лигата, Борусија славеше со 2-1.
Гостите поведоа со голот на Фулкруг во 18-минута по големата грешка на домашната одбрана.
Во 240тата беше досуден пенал за домаќините, иако прекршокот беше неколку сантиметри надвор од казнениот простор. Тоа не му пречеше на Хрватот, Крамариќ да реализира и да израмни на 1-1.
Кога сите очекуваа крај на првиот дел, по брзата контра од десната страна, Маркус Ројс на ефектен начин повторно им донесе предност на „милионерите“ од 2-1.
Во вториот дел домаќините се обидуваа да стигнат до израмнување, пропуштија неколку можности, па во судиското дополнение дојде казната.
За тоа се погрижи Џулијан Рајерсон (90+5) кој ги постигна конечните 3-1 за гостите.
Со трите освоени бодови и вкупно 14, Борусија изби на 1.место на табелата, во исекување на настапите на конкурентите.
Со бод помалку зад тимот од Дортмунд се, Баерн Минхен и Баер Леверкузен, а два помалку имаат Штутгарт, Лајпциг и Хофенхајм.