Во Првата македонска фудбалска лига денеска ќе се одигра еден натпревар. Тоа е заостанатиот дуел од 4.коло меѓу Воска спорт и Струга Трим Лум.
Овој дуел е еден од неколкуте кои беа одложени поради настапот на шампионот Струга Т.Л. на европската сцена.
Денешниот дуел на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид ќе биде и првото, официјално „езерско дерби“.
Домаќинот има половичен ефект, по две победи и порази и еден нерешен резултат. Поразите дојдоа на последните два натпревари со Работнички и Шкупи.
Шампионот е во победничка низа од три натпревари, а со евентуален нов триумф Струга ќе се пробие дури на второто место на табелата.
Инаку вчерашната ждрепка за осминафиналето во Купот на Македонија, посака токму овие два тима да се сретнат меѓусебно во дуелот закажан за 25 октомври.
Денешниот натпревар ќе започне во терминот од 15 часот.