Ако првите две сезони беше изненадување, во пристојната од екипата на ТФТ се очекува да биде дел од тимовите кои ќе претендираат за трофеи во мак-басктот.

Тимот од скопската населба Тафталиџе го задржа поголемиот број од играчкиот кадар од лани.  Амбициите остануваат исти, вели тренерот Боро Смилковски.

„Сезона во која ТФТ влегува со задржан ‘костур’, нова енергија, променет идентитет и истите цели како и досега.

Имаме свои амбиции, гаме план, сигурно ќе се натпреваруваме и ќе се обидеме да изненадиме

. Верувам во добра кошарка на отворањето на сезоната. Се надевам на добра кошаркарска атмосфера, па вечерва под „Кале“ нека победи подобриот или посреќниот“, изјави  Смилковски.

Како ќе изгледа тоа на теренот ќе видиме уште попладнево ви дуелот со Работнички.

Овој натпревар ќе се игра во СЦ „Кале“, а ќе започне од 18 часот.

ДЕНЕШНИТЕ ДВА НАТПРЕВАРИ ОД 1.КОЛО ГЛЕДАЈТЕ ГИ ВО ЖИВО ОВДЕ