Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одиграа најдобриот свој натпревар во Лигата на шампионите, но повторно се поразени.
Во натпревар од 3.коло на А групата, одигран во Битола, Еурофарм Пелистер загуби од европскиот гигант Кил со 20-23.
Во првото полувреме нашиот шампион беше рамноправен противник. Иако германскиот клуб во најголемиот дел имаше предност сепак таа не надмина повеќе од два гола. Така и се замина на паузата со +2 за Кил (9-11).
Во вториот дел. Германскиот тим поведе со три гола разлика, но зелено-белите не се откажаа. Напротив израмнија, а потоа имаа и напад за второ водство кое не го искористија. Грешките во клучните моменти, како и дозата на повеќе среќа беа на страната на гостите.
Така Кил стигна до третата победа со 23-20, а Пелистер го претрпе третиот пораз.
Никлас Екберг со 8 голови за гостинскиот тим беше најефикасен на натпреварот. Во редовите на Пелистер, Нејц Цехте и Богдан Радивојевиќ реализира по 6, а Жарко Пешевски додаде 5 гола.
Битолчани остануваат без освоен бод, додека Кил има максимални 6.
На останатите два натпревари од истата група, Киелце го победи ПСЖ со 30-29, а ПИК Сегед го победи Алборг со 34-27.
Во следното коло Еурофарм Пелистер гостува кај ПСЖ.