Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го претрпе третиот пораз во Лигата на шампионите.
Иако загубија од големиот фаворит Кил, сепак пелистерци не разочараа со играта.
Тренерот Александар Јовиќ смета дека само времето е во прашање кога ќе дојде и првиот триумф.
„Го одигравме сигурно најдобриот натпревар. За жал не успеавме да ја наградиме публиката со позитивен резултат.
Игравме според мене против најдобриот тим во Европа, а бевме блиску до тоа. Неискуството на вакви натпревари во пресудните моменти беше решавачко.
Убеден сум дека во наредните натпревари ќе играме уште подобро. Само во прашање е времето. Тоа ни е потребно за да се воиграме и подобро да се запознаеме меѓусебе.
Прашање е на времето, кога ќе победиме некого во Лигата на шампионите“. изјави тренерот Јовиќ.
Задачата за прва победа во следната рунда повторно ќе биде повторно тешка.
Пелистерци ќе му гостуваат ма францускиот гигант ПСЖ. Сепак дека тоа не е „невозможна мисија“, вечерва потврди Киелце кој со еден гол разлика го порази ПСЖ.