МЗТ Скопје Аеродром и телекомуникациската компанија МТЕЛ потпишаа договор за едно годишна соработка.

Сепак, Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски како и Генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ, веруваат дека ова е само почеток на идната соработка.

„Ова е поддршка ќе ни донесе нови победи на домашно и меѓународно ниво. МЗТ Скопје не е обичен клуб, тоа е емоција и љубов за сите ние кои живееме во Аеродром.

Благодарност на МТЕЛ за поддршката, ова е основа за долго партнерство. верувам дека заедно ќе се радуваме на нови успеси“,

изјави првиот аеродромец, Муцунски.

Компанијата која е дел од групацијата на Телеком Србија веќе неколкупати потврди дека е голем поддржувач на спортот.

„Покрај деловните активности кои во изминатиов период ги спроведувавме во Македонија, преку нови инвестиции, нови вработувања и воведување на иновативни услуги, новиот договор за спонзорство на уште еден спортски клуб во државата е најсилен доказ за стратешката посветеност на Телеком Србија на овој пазар.

Нашите корисници, но и сите фактори во државата може да бидат уверени дека во нашата групација имаат сигурен партнер за остварување на своите планови.

До сега во Македонија вложивме 8 милиони, а планираме да дојде до 50 милиони евра.

Сакаме да вложуваме во спортот и младите во земјава, за да се занимаваат со спорт.

Уверени сме дека со наша помош МЗТ Скопје ќе има уште поголеми успеси“,

изјави Владимир Лучиќ.