Нема пауза за македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер.

По двата врзани натпревари во домашното првенство, во кои пелситерци се израдуваа на првите овосезонски победи, зелено-белите ги очекува ново искушение.

Веќе задутре Пелистер ќе го игра третиот натпревар во Лигата на шампионите. Во Битола гостува германскиот гигант Кил.

Од битолскиот клуб информираа дека, денеска од 14 часот започнува со продажба на поединечните билети за овој натпревар.

– 550 денари (Централни позиции јужна и северна трибина)
– 450 денари (Странични позиции јужна и северна трибина)

Картите може да се набават на продажни места, „DIMPO“ Тобако и „BROTHERS“ Тобако и „STravel“ и преку онлајн на https://kartieurofarm.mk/

Натпреварот Еурофарм Пелистер – Кил што ќе се игра во среда ќе започне во терминот од 18:45 часот