Претседателот на здружението за заштита на правата на тенисерите (ПТПА), Новак Ѓоковиќ зборуваше за програмата „Baseline“.
Таа се однесува за помош на пониско рангираните тенисери, кои имаат големи трошоци за да се натпреваруваат на АТП турнејата.
„Јас бев во нивна кожа, ја разбирам борбата.
Ја разбирам тешкотијата да ги платите патните трошоци доколку ја немате поддршката од силна федерација, а ја немаат 90 проценти или повеќе од играчите немаат буџет да платат тренери и физиотерапевти.
Доаѓам од Србија, немав ништо од тоа. Сега имам влијание, моќ и сакам да се борам за подобри услови“,
рече Ѓоковиќ .
Најтрофејниот светски тенисер потенцира дека приоритет е повеќе да се размислува колкумина тенисери во светот навистина живеат од овој спорт.
„Толку многу зборуваме за тоа колку пари освојуваат победниците на УС Опен.
Но, не зборуваме за тоа колку играчи заработуваат за живот од овој спорт, во машка и женска конкуренција, во сингл, двојки, сите заедно…
Тоа е помалку од максимум 400 играчи во овој спорт, кој е суперглобален и еден од најгледаните во светот.
Лошо е. Тоа е неуспех на нашиот спорт“,
рече Новак.
Ѓоковиќ е осврнува и на состојбата со обложувалниците.
Тој вели дека е не фер, турнирите да можат да имаат спонзори обложувалници, а тенисерите не.
„Би било фер во најмала рака, да делиме 50-50 од договорите кои турнирите ги имаат со обложувалниците. Знам дена на 95% од тенисерите би имале спонзорски договор со обложувалница. Јас сигурно не би ставил на мојата опрема лого од обложувалница“, вели меѓу останатото Ѓоковиќ
Програмата „Baseline“ се заснова на три столба.
Првиот е сигурно финансирање на тенисерите врз основа на нивниот пласман. Вториот е финансиската заштита од повреди и здравствени проблеми, а третиот е финансиски стимулации за младите тенисери кои го пробиваат својот пат преку АТП листата.