Актуелниот првак Макс Ветстапен ја оствари 13-тата победа сезонава во Формула 1 шампионатот. 

Холанѓанецот повторно им се врати на победите, откако утринава беше најбрз на легендарната патека „Сузука“ каде се возеше јапонското Град при. 

Со оваа победа и освоените бодови, Верстапен ја осигура првата позиција на својот тим Ред Бул во конкуренција на конструктори. 

Место на подиумот изборија возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри. 

До крајот на сезоната остануваат уште шест трки, а Верстапен веќе на наредната може да ја обезбеди новата титула. 

Следната трка ќе се вози за Големата награда на Катар.