Екипата на Њукасл го „тероризираше“ Шефилд Јунајтед совладувајќи го со 8-0.
Срамот да биде уште поголем е што последно пласираната екипа на табелата играше пред својата публика.
Ваквиот расплет беше најавен уште во првиот дел во кој гостите постигнаа три гола.
Лонгстаф (21.минута), Брн (31) и Ботман (35) веќе му обезбедија голема предност на Њукасл.
Но, тука не застанаа гостите. Напротив. Во вториот дел постигнаа уште пет гола.
Винсон (54), Гордон (61), Гимараеш (73) и Исак (87.минута), ја наполнија мрежата на домашниот голман.
Ова е трет триумф за Њукасл (втор во низа), по трите врзани порази. Сега Њукасл со 9 бодови се проби на 8-то место на табелата.
Шефилд пак останува на дното со само 1 освоен бод на шесте одиграни натпревари.