Росонерите брзо се опоравија од тешкиот пораз во градското дерби против Интер (5:1) и со минимални 1:0 ја совладаа Верона за враќање на победничките патеки.
Избраниците на Стефано Пиоли, одлично влегоа во натпреварот и нападнаа од првата минута. Иницијативата брзо се исплатеше кога во осмата минута кога капитенот Рафаел Леао со прексрасен удар го совлада противничкиот голман за предност од 1:0.
Противникот успеа да воспостави рамнотежа на теренот и полека да напаѓа кон голот на Спортиело. Огромна прилика за изедначување имаше Микел Фолонрусо кој во 21-та минута од непосредна близина со глава не успеа да го совлада Спортиело.
Во продолжението на натпреварот гледавме повремена иницијатива и на двете страни но мрежите мируваа па Милан со минимални 1:0 запиша три бода