Одбојкарките на Србија остварија нова победа на квалификацискиот турнир за Олимписките игри 2024 во Париз.
Избраниците на Џовани Гуидети вчера неочекувано беа поразени со 3-1 од Доминиканската република и го искомплицираа нивниот пласман на ОИ 2024.
Но, овојпат без поголеми проблеми ја победија Холандија со 3-0 во сетови (25:19, 25:16 и 25:20) и сега со скор од 5-1 се лидери во својата група.
Тијана Бошковиќ мечот го заврши со 20 поени, Лозо Сара 15, а Маја Алексиќ постигна 14 поени.
На другата страна Нова Маринг даде 11, Далдероп 8, а Плак 6 поени.
Во последното 6.коло Србија утре игра против Кина по што ќе се знаат патниците на Олимпијадата во Париз.
Потсетување, само првите две селекции од сите групи ќе изборат пласман на олимпискиот турнир.