Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со трофеј од Супер Купот ја почнуваат новата сезона на домашната сцена.
Аеродромци беа убедливо подобри од Феникс кого го совладаа со 76-54.
Иако првиот дел мина во релативно рамноправна игра, а сино-белите заминаа само со 4 поени предност, во вториот дел се си дојде на место.
Серијата на МЗТ на стартот на третиот период се покажа како клучна, па во последниот период шампионот влезе со +16 (60-44). Рутинирано го одработена последниот период и заслужено играчите на МЗТ се радуваа на трофеј.
Најефикасни на натпреварот и во победничката екипа беа Војдан Стојановски со 13, а новајлијата Расел со 12 поени.
Со ова, МЗТ во 2023-тата стигнува до третиот пехар, откако претходно го освоија Купот, а потоа и шампионскиот трофеј.
ФОТО: КФМ